Македонската ватерполо репрезентација во Скопје и по втор пат загуби од селекцијата на Шпанија.
По поразот од 10-6 во неделата, во Олимпискиот базен во Скопје, Шпанија славеше со 12-8, овој пат во рамките на втората рунда во Светската лига.
Светскиот вицепрвак, Шпанија ја оправда улогата на фаворит против Македонија, а најпрецизен на натпреварот беше Гарсија со 4 гола. Во нашата селекција попрецизен од останатите беше Бениќ со 3 погодоци.