Надал во финале против новиот број 1 Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ го обезбеди првото место на АТП листата со пласманот во финалето на Вимблдон во петокот, и сега ќе има шанса да го победи човекот кој го заменува на ова место, актуелниот шампион Рафаел Надал. Ѓоковиќ стигна до мечот за круната првпат на Ол Ингланд Клубот со 7:6(4)/6:2/6:7(9)/6:3 победа над Французинот Жо-Вилфрид Цонга во меч полн со скокови по топчиња, и возбудлив тенис. Неколку часа подоцна 10-кратниот гренд слем шампион Надал го совлада Енди Мареј со 5:7/6:2/6:2/6:4 да ги остави британските фанови да чекаат барем уште една година за титула на домашниот турнир.

"Секогаш е тешко, навистина тешко да се игра против Новак. Тој игра неверојатно оваа година и има загубено само еден меч цела сезона, додека јас веќе имам четири порази од него во 2011. Ќе биде многу тешко за мене, но мислам дека и јас играм добро", вели Надал, кој има 20 победи по ред на Вимблдон.

Ѓоковиќ, кој го подобри својот скор на 47-1 оваа година и е двократен шампион од Австралискиот Опен ќе го замени Надал како прворангиран тенисер на светот во понеделник, откако двапати загуби во полуфиналињата во Лондон.

"Кога заврши мечот навистина не знаев како да ги покажам своите емоции. Ова е еден од тие моменти кои не се опишуваат и на нив се сеќаваш цела кариера", вели Ѓоковиќ, кој го совлада Цонга во финалето на Австралискиот Опен во 2008.

Ѓоковиќ ја започна сезоната со 41 победа по ред, но загуби од Рожер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос. Оттогаш тој има 6-0 скор, и сите победи дојдоа на тревата во Лондон.

"Работев цел мој живот за ова. Сонував да играм во финалето на Вимблдон кога почнав да играм тенис на 4 години. Да се биде тука во недела ќе биде најдоброто можно чувство", објаснува Србинот.

РЕЗУЛТАТИ

(1) Надал - (4) Мареј 5:7/6:2/6:2/6:4

(2) Ѓоковиќ - (12) Цонга 7:6(7:4)/6:2/6:7(9:11)/6:3



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...