Македонија поразена од Романија

Македонската ватерполо репрезентација загуби од Романија во натпревар од 3.коло на олимписките квалификации, кои се одржуваат во Едмонтон, Канада. Македонија загуби со 6:9 (2:1;1:2;2:4 и 1:2). По изедначеното прво полувреме романската репрезентација во вториот дел го засили темпото на играта и успеа да дојде до победата.

Головите за Македонија ги постигнаа: Срѓан Аксентијевиќ 3 голови, а по еден реализираа Борис Летица, Мирослав Ранџиќ и Иван Басара.

На другите натпревари од А групата беа постигнати резултатите: Германија – Холандија 11:6 и Грција – Црна Гора 7:8.

Во Б групата беа постигнати следниве резултати: Бразил – Аргентина 16:7 и Турција – Канада 5:14. Слободна беше репрезентацијата на Шпанија.

Табела А група: Црна Гора 6 бодови, Романија 4, Германија 4, Грција 2, Македонија 2, Холандија 0.

Табела Б група: Шпанија 4, Канада 4, Бразил 2, Турција 1 и Аргентина 1.

Македонија вечерва еден час по полноќ по македонско време против Црна Гора ќе го одигра натпреварот од 4.коло. Во другите дуели од оваа рунда играат:Турција – Шпанија, Холандија – Романија, Грција – Германија и Канада – Аргентина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...