Јуниорите отпатуваа на ЕП во Австрија

Машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Австрија каде од 24 јули до 3 август ќе учествува на Европското првенство. Ова за Македонија е петто учество во оваа конкуренција.

На шампионатот ќе учествуваат 16 селекции поделени во четири групи. Македонија се наоѓа во А групата заедно со Шпанија, Франција и со Норвешка, а натпреварите се играат во градот Траун.

Б групата ја сочинуваат: Данска, Естонија, Србија и Швајцарија.

Во Ц групата ќе играат: Австрија, Белорусија, Германија и Словачка, додека во Д групата се: Унгарија, Израел, Словенија и Шведска.

Селекторот на македонската јуниорска селекција Зоран Петковски се реши на првенството шанса да им даде на играчите кои успешно ги минаа априлските квалификации во Скопје. Ќе отсуствуваат пет играчи, кои се распоредени за потребите на кадетската репрезентација, која ќе настапи на ЕП во Полска.

Петковски во Австрија на располагање ќе ги има следниве играчи: Филип Ивановски, Огнен Трајковски, Бојан Маџовски, Александар Мирчев, Иван Ангелов, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Борјан Маџовски, Филип Талевски, Јован Талески, Кристијан Давитковски, Мартин Поповски, Пеце Рајатовски, Кристијан Костовски, Кристијан Анастасовски, Филип Арсеновски и Стефан Стојановски.

Македонија првиот натпревар го игра со Шпанија утре со почеток во 14 часот, на 25 јули во истиот термин противник ни е Франција, а на 27 јули во 18 часот ќе игра против Норвешка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...