Засилувањата на ЖРК Вардар за следната сезона

Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар на денешната прес- конференција ги претстави новите ракометарки за претстојната сезона.

Претседелот на клубот Гордана Нацева истакна дека станува збор за пет ракометарки кои се репрезентативки на своите држави. Дел од „црвено-црниот“ состав ќе бидат: Андреа Пенезиќ (Хрватска), Барбара Лазовиќ (Словенија), Ања Алтхаус (Германија), Алена Ихнева и Олга Черноиваненко (Русија).

- Учество на завршницата во Лигата на шампионите и атак на самиот врв ќе биде цел во новата сезона особено што сега со новите засилувања сме „покриени“ на сите позиции, истакна Нацева.

Петте ракометарки изминативе денови одржаа неколку тренинзи и се запознаа со новите „колешки“ и сите истакнаа дека пристигнале во клуб каде има одлична атмосфера, дека добро се чуствуваат во Скопје и ќе дадат се од себе клубот да бележи добри резултати.

- Ова ќе биде една поинаква сезона од ланската. Противниците сега ќе не гледаат поинаку и заради нашиот лански резултат и засилувањата кои ги имаме. Наша цел е во Европа да бидеме на врвот, без скромност целта ни е пласман на „фајнл фор“ турнирот и не смее да има опуштање, рече Тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастартовиќ.

„Вардарки“ до 5.август ќе тренираат во Скопје, а потоа заминуваат на подготовки во Австрија, а од 22 до 24.август ќе учествуваат на турнир каде домаќин е европскиот шампион унгарски Ѓер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...