Мареј со емоционална победа во Шенжен

Енди Мареј го совлада Шпанецот Томи Робредо во финалето на Шенжен опен во Кина за прв трофеј по освојувањето на Вимблдон во 2013 година.

27-годишниот Шкотланѓанец по ова призна дека поминал „многу тешка“ недела со поддршка на неговата девојка Ким Сирс, откако беше во „мешаница“ по поддршката за шкотскиот референдум за независност. Тешката недела тој ја заврши со спасување на пет меч поени при 5:7/7:6(9)/6:1 победата над шпанскиот ветеран.

„Денеска имав многу тежок меч, условите беа тешки за играње со жештината и влажниот воздух. Имав среќа на крајот на вториот сет и, за среќа, успеав да направам пресврт“, вели Мареј.

Во тај-брејкот од вториот сет Мареј спаси четири меч поени во низа, и уште еден на 7:6, за да стигне до 11:9 победа.

„Томи имаше одличен турнир и, најверојатно, заслужуваше да победи. Понекогаш се случува и тоа во спортот. Им благодарам на сите за поддршката“, додаде Британецот.

Со победата Мареј е на 10. место на АТП трката за пласман на АТП финалето во Лондон во ноември, завршниот турнир на кој играат најдобрите осум. 27-годишниот Мареј има 105 поени помалку од осмопласираниот Томаш Бердих и сега продолжува во Кина со турнирите во Пекинг и Шангај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...