Јотовски со пласман на кариерата

Томислав Јотовски на најновата АТП листа го има својот најдобар пласман во сингл, во својата кариера. Тој со плусот од четири позиции во моментов се наоѓа на 558. место.

Во конкуренција на двојки Томи исто така имаше позитивен напредок и со тоа сега е под број 658.

Исто така, успешен пласман имаше и Димитар Грабул, кој неколку седмици во континуитет ја подобрува својата позиција. Освојувачот на домашниот шампионат сега е стациониран на 626. место.

Грабул направи „скок“ за 15 во дубл и сега е 1.431 тенисер во светски рамки.

Шендрит Деари исто така имаше напредок во сингл. Тој на најновата листа објавена од ИТФ го зазеде 1 219. место. Доста успешност имаше и во двојки, каде што со позитивниот напредок од три позиции сега е под број 1.246.

Одличната седмица за македонските рекети ја заокружија Стефан Мицов, како и Бесир Дургути.

Мицов сега во сингл ќе ја брани 1.286 позиција, додека во дубл беше успешен за 24 места и сега го зазеде 1 801. пласман.

Дургути, пак, кој се рангира само во единечна конкуренција, оваа седмица ќе го брани 1 298. место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...