Металург загуби службено, минус бод, парична казна...

СЕХА лигата го казни македонскиот тим затоа што не отпатува на натпреварот во Загреб

Македонскиот првак Металург службено го загуби натпреварот со ППД Загреб од СЕХА ГСС лигата, добива дополнителна казна од минус бод, ќе мора да плати 2.000 евра и уште ќе треба да ги компензира трошоците на Загреб направени за организацијата на мечот.

Ова е епилогот од откажаниот натпревар меѓу македонскиот и хрватскиот шампион кој беше предвидено да се игра во период меѓу двата натпревара кои овие екипи ги играат и во Лигата на шампионите. Првата средба се одигра во Загреб и ја доби хрватската екипа. Мечот во Скопје ќе се игра во февруари, а како тогаш ќе изгледаат двата тима, останува да видиме.

Металург на овој дуел не отпатува поради бојкотот на ракометарите. Два дена пред тој натпревар толку се искомплицира ситуацијата во клубот што Металург остана без ракометари и не беше во состојба да отпатува во хрватската престолнина. Внатрешните проблеми на македонскиот тим навидум се надминуваат, но цената што ја плаќаат сите е голема. Меѓудругото, во крајниот есап ќе стојат и споменатите казни.

ЛА РИОХА ВО ФОКУСОТ

Металург в сабота го очекува нов предизвик од Лигата на шампионите. Во Скопје доаѓа екипата на Ла Риоха, која минатиот викенд славеше победа на домашен терен од 31:27. За Металург веќе нема поправен и мора да победи на сите натпревари на домашен терен до крајот на прелиминарната рунда. Досега од Скопје со бодови си заминаа Кил и ПСЖ, сега е редот на послабите противници во групата да се претстават во „Борис Трајковски“. Можеби и сето ова немаше да биде толку опасно доколку во меѓувреме од Скопје не си заминаа и седум ракометари, па сега Металург е принуден да игра само со домашни играчи и Дарко Ѓукиќ, а шанса не само да ја помирисаат ЛШ, веројатно, ќе добијат и младите ракометари.

На дуелот во Логроњо Филип Талевски одигра неколку минути, додека Марко Нелоски го немаше во ростерот. Неговото изоставување наспроти првиот впечаток, сепак, не е дел од стратегијата на Лино Червар. Поради проблем со пасошот тој бил вратен од аеродромот во Скопје. Како што неофицијално дознавме, пасошот му бил пред истекување на валидноста и не му било дозволено да се качи во авионот со другите ракометари.

ПОЛНА САЛА?

Секогаш е потребно да се игра пред полни трибини, но на Металург како ретко кога досега му е потребна поддршката од трибините за да издржи во битката со шпанскиот состав. Вчера почна продажбата на билетите, но веќе ја нема ланската еуфорија и распродавање на салата за неколку минути, а тоа е уште една работа која ќе се пресмета во крајната сметка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...