Сите светла се вртат кон СП Катар

Спуштена е завесата на клупската сцена во Европа. Остануваат да се доиграат тука и таму по уште некое коло или натпревар, а по тоа ќе настапи краткотрајно затишје, пред да почне новата бура. Овој пат тоа ќе биде пустинска бура, а песок и прав ќе кренат 24 најдобри репрезентации во светот.

За првпат на мундијал ќе настапат 15 репрезентации од Европа (една помалку од ЕП) и девет од другиот дел на светот, што ќе го направи претстојниот турнир најсилен во историјата на ракометната игра. Тоа што СП ќе биде квалификациски турнир за Олимписки игри и што ќе се игра на неутрален терен кога се во прашање европските селекции само ќе придонесе да има повеќе возбудувања, поголема мотивација и да го разубави целиот настан.

Моментот што за првпат мундијал ќе се игра во само еден град, пак, ќе ги поштеди репрезентациите од сцени какви што имаше на пример во Шпанија (дремење во хол на железничка станица) или зимските скандинавски патешествија од еден град во друг. Можноста да се гледаат сите репрезентации без километри и километри пат за гледачите, селекторите, новинарите ќе го направи мундијалот далеку поспектакуларен.

ПРВИОТ СОБИР ВО НЕДЕЛА

Македонската репрезентација првиот собир со кој и практично ќе биде означен почетокот на подготовките ќе го има в недела во Скопје. Зборното место е хотелот „Русија“, а првата средба ќе биде во 19:00 часот.

Следниот ден почнуваат подготовките, а репрезентативците ќе тренираат во спортскиот центар „Јане Сандански“. Македонската репрезентација подготовките ќе ги реализира во Скопје. На тој начин е избегнато малтретирањето од евентуално патување и претпразнично двоење од семејствата. „Јане Сандански“ нуди екстра услови за работа, а планирани се и два контролни натпревари во Скопје, пред Нова година.

Во јануари македонската репрезентација ќе патува во Нант, Франција (8/9 јануари) и ќе игра со Алжир, а по тоа во зависност од резултатот со победникот или поразениот од мечот Франција-Аргентина.

САМО ЛАЗАРОВ ЌЕ ДОЦНИ?

Капитенот Кирил Лазаров, постои можност да ја пропушти првата прозивка, в недела вечер, со оглед на тоа дека викендов има клупски обврски. Неговата Барселона, в сабота, од 20 часот, игра натпревар со Ла Риоха во АСОБАЛ купот. Лазаров засега нема најавено дали ќе задоцни или не.

МЕЧОТ СО ИЗРАЕЛ ЌЕ БИДЕ ХУМАНИТАРЕН

Единствената можност за македонската публика да ги види во живо и на дело репрезентативците кои во јануари ќе нè претставуваат на Светското првенство во Катар, ќе биде дуелот со Израел што ќе се одигра на 28 декември во Скопје.

Противник на Македонија ќе биде Израел, екипа која од клупата ја води поранешен селектор на македонскиот тим, Драган Ѓукиќ. Натпреварот ќе биде со хуманитарен карактер, а приходот собран од влезните билети ќе биде наменет како помош за „СОС Детско село“. Билетите во продажба ќе бидат пуштени на 22 декември, а цената ќе биде 100 и 150 денари. Натпреварот ќе се игра во „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 17:45 минути.

Македонија и Израел ќе одиграат и втор натпревар, ден подоцна, но таа средба ќе биде затворена за јавност и Ивица Обрван тогаш ќе има можност да тестира комбинации кои сака да останат подалеку од јавноста, коментарите и, јасно, ривалите.

ЛИКОТ НА НОВИТЕ ДРЕСОВИ

Македонија во Катар ќе патува со три гарнитури дресови. Црвено-жолта, жолто-црвена и бело-црвена комбинација ќе имаат дресовите произведени од „Ли Нинг“. Во тој поглед нема да има промена од досега, нов е дизајнот. На предната страна на дресовите препознатлива е апликација со шарите на ракометна топка. Од „Орка Спорт“ ни потврдија дека ова е конечниот дизајн на дресовите со кои Македонија ќе игра на СП Катар и дека наскоро ќе бидат и во продажба во продавниците на „Интерспорт“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...