Мојсоски: На СП ќе бидам стариот Мојсо

ИНТЕРНАСИОНАЛ ТУРНИР

ПЕТОК

18:15 ФРАНЦИЈА – АРГЕНТИНА

20:45 МАКЕДОНИЈА – АЛЖИР

САБОТА

15:30 МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО

18:00 ФИНАЛЕ

Македонската репрезентација утрово со летови преку Загреб и Париз замина за Нант каде што утре со почеток од 20:45 часот ќе ги одмери силите со Алжир, а в сабота и со победникот или поразениот од дуелот Франција - Аргентина, на двете последни контроли пред настапот на мундијалот во Катар, кој почнува следниот четврток. Овие средби ќе бидат директно пренесувани на МРТВ.

Ивица Обрван со себе поведе 18 ракометари од кои ќе биде селектиран финалниот тим со кој ќе ги почне битките на шампионатот. Подоцна во текот на првенството ќе има право да направи и замени доколку цени дека е потребно.

Од претстојните два дуела на македонскиот тим не очекуваме да видиме нешто „спектакуларно“ во поглед на перформансот, со оглед на тоа дека на три дена до почетокот на првенството никој нема да влегува во дуели со 100 насто жестина за да се сведе на минимум ризикот дури и од најситни повреди кои во оваа фаза од подготовките можат да бидат пресудни за настап на првенството.

Сепак, сигурно нема да гледаме балет во Нант, а нешто што посебно нè интересира е како ќе функционира одбраната, особено ако в сабота се сретнеме со најмоќниот состав на денешницата, репрезентацијата на Франција.

Македонскиот тим, односно најголемиот дел од ракометарите минаа низ многу турбуленции во пресрет на подготовките за првенството, но сега би требало да биде сè в ред. Посебно светло од рефлектор ќе биде насочено кон настапот на Наумче Мојсоски, ракометар 2014 ја мина во рехабилитација и обид да се врати во форма по тешката повреда.

„Добро е, задоволен сум. По сè што се случуваше, овие подготовки добро ми дојдоа. Трчањето, ритамот на работа. Сега имам многу подобра моторика и навистина засега оди сè како што треба. На Светското првенство ќе бидам оној стариот Мојсо. Да ги одиграме и овие два натпревара, да пробаме уште некои варијанти. Најважно што сме здрави што немаме проблеми со повреди“, изјави Наумче Мојсоски, кој патем е на излезна врата од Металург.

„Едвај чекам да почне првенството. Се чувствува тоа кај сите. Амбиентот во репрезентацијата е одличен, би требало се да биде како што посакуваме“, вели Мојсоски.

НОВА ЛОГИСТИКА

Македонија ќе има поефикасна помош од аналитичарите на ова СП. Набавен е нов софтвер кој веќе на полувреме ќе му сервира на Ивица Обрван детали кои ќе му бидат потребни за продолжението на натпреварот.

„Мораме да држиме чекор со водечките репрезентации. Набавивме нов понапреден софтвер од тој што го имавме за анализа на играта, кој ќе биде корисен и за напаѓачите и за голманите“, изјави генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Првиот дуел на македонската репрезентација на мундијалот ќе биде со Тунис во салата Лусаил, најголемиот објект во кој ќе се игра ракомет на СП. Таа средба е на програмата в петок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...