Македонија втора на турнирот во Нант

Нант, 10 јануари 2015 (МИА) - Машката ракометна репрезентација на Македонија го освои второто место на турнирот во Нант, откако вечерва во финалето загуби од домаќинот Франција со 30:20 (18:8). Европскиот и олимписки шампион Франција беше убедлив во првиот дел од натпреварот кога ја направи и предноста, додека во вториот дел македонските ракометари беа рамноправни и резултатски заврши (12:12).


 
По водството на Македонија од 2:1, Франција имаше серија од 7:0 за водство од 8:2, кое постојано го зголемуваше и највисоката предност во првото полувреме беше онаа од крајот +10 (18:8). 
 
Во вториот дел „триколорите“ во два наврати имаа и +12 (24:12; 25:13), а до крајот на дуелот Македонија успеа со серија да ја намали предноста на домашните ракометари.
 
Кирил Лазаров со осум голови беше најефикасен на финалето, а Петар Ангелов во вториот дел имаше осум одбрани.
 
Во натпреварот за 3. место на турнирот Аргентина го победи Алжир со 21:20.
 
Репрезентацијата на Македонија утре од Франција заминува за Катар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...