Атман чека на судот на ЕХФ

Познато лице сретнавме во микс зоната во Лусаил, Павел Атман, бекот на Металург, кој ја напушти скопската екипа и сега спасот од скопскиот пекол го бара на Блискиот Исток.

Павел Атман комуникацијата со управата на македонскиот клуб ја води преку институции, комисиите на ЕХФ кои треба да го ослободат од договорот. Во меѓувреме, крајот на сезоната која нема да ја заборави планира да го дочека во Обединетите Арапски Емирати. Претходно, чека одговор од Виена.

Тој веќе имаше обид да потпише со Ал Џаиш, одработе и еден тренинг со екипата од Доха, но од познатите причини не дојде до реализација.

БИДЕЈЌИ НИВНИТЕ ИГРАЧИ СЕ ДЕЛ ОД МУНДИЈАЛОТ

Клубовите и РФМ ќе инкасираат од ИХФ

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) ќе им подели бонуси на клубовите, чии ракометари се дел од националните тимови и учествуваат на мундијалот. Износот е компензација за отсуството на играчите од клупските обврски и е во зависност од деновите кои националниот тим ќе ги помине на првенството.

Играчите се рангираат во пет категории. За репрезентативците рангирани од еден до четири клубовите ќе добијат дневница од 400 евра, за оние кои се во групата меѓу пет и осум износот е 300 евра, од деветто со 16. место дневницата е 200 евра. За ракометарите кои ќе влезат во категоријата од 17 до 20. место клубовите ќе добијат по 100 евра, додека најмалата сума од 75 евра е за играчите рангирани од 21 до 24.

Бонус ќе добијат и Ракометната федерација на Македонија, откако ИХФ донесе одлука да им додели по 25 илјади евра на сите Федерации чии национални тимови обезбедија настап на СП во Катар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...