Лазаров најави ракометен камп во Охрид

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, преку својата официјална веб страна го најави почетокот на нов проект – „Ракометниот камп Кирил Лазаров 7“ кој годинава ќе се одржи во Охрид во периодот од 22 до 28 јуни.

Лазаров веќе се договорил со агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент „КМГ Спорт”, да биде нејзино заштитно лице, а агенцијата да го организира кампот.



- Се чувствувам среќен и возбуден што можам да најавам дека овој јуни конечно ќе го организирам мојот прв ракометен камп за момчиња и девојчиња од 10-17 години во соработка со агенцијата за маркетинг, менаџмент и консалтинг КМГ СПОРТ, чие заштитно лице ќе бидам во наредниот период. Овој камп ќе биде несомнено мојата најдобра спортска инвестиција во било која сфера во животот, инвестиција во младите. Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење и искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата родна Македонија. Спортот е нашиот најголем амбасадор во текот на целото наше постоење, а ракометот е спорт број 1 во Македонија, изјави најдобриот македонски ракометар.

Лазаров додава дека на младите им треба надоградба, квалитетно школување, спортска култура, начин на исхрана, спортска психологија, квалитетен тренинг, а се со цел да прераснат во врвни ракометари кои во иднина со гордост ќе го носат дресот со националните обележја.



- Секако дека покрај спортските тренинзи на кампот ќе има многу дружење и забава. Ќе се потрудам на кампот да ги донесам најдобрите и најголемите ракометни имиња кои им се идоли, но и од кои нашите момчиња и девојчиња ќе имаат што да научат, истакнува Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...