Вардар остана без финале во СЕХА лигата

Веспрем, 27 март 2015 (МИА) – Ракометарите на Вардар не успеаја да се изборат за уште едно финале во СЕХА лигата откако вечерва во полуфиналето на завршниот турнир во Веспрем загубија од Мешков Брест со 32:27 (16:11). Ова воедно беше реванш на белоруската екипа за ланскиот пораз од Вардар во финалето во Нови Сад.

 
Во првите минути од натпреварот Вардар имаше минимална предност, а екипата на Мешков Брест со две серии од 4:0 и 5:1 на полувремето имаше предност од пет голови разлика (16:11). Во вториот дел Мешков Брест ја одржуваше предност, а Вардар во 50.минута успеа да намали на два негатива (25:23), но немаше сили за пресврт. Со 9 голови Растко Стојковиќ (Мешков Брест) беше најефикасен на натпреварот, кај Вардар Немања Прибак и Алем Тоскиќ постигнаа по 5 голови.
 
Вардар на овој натпревар играше без повредените Тимур Дибиров, Матјаж Брумен и Илија Абутовиќ (останаа во Скопје), додека тренерот Раул Гонзалес на клупата го остави и голманот Арпад Штербик, додека Игор Карачиќ играше само во вториот дел.


 
За Мешков Брест ова е второ финале по ред во СЕХА лигата, а Вардар во своето четврто учество на завршните турнири за првпат остана без финале.
 
Во второто полуфинале вечерва играат Веспрем и Загреб, а „црвено-црните“ во недела во натпреварот за 3.место ќе играат со поразениот од второто полуфинале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...