Без Вугринец и Златко Мојсоски против Франција

Ренато Вугринец, Златко Мојсоски и Владо Недановски се ракометарите кои играа на СП во Доха, а не се на списокот за овој собир. Влатко Митков, Никола Костески и Гоце Ојлески се новите три играчи

Во професионалниот бокс за апсолутен првак се смета боксерот кој ги има во посед трите најбитни шампионски појаси. Па иако не постои посебен појас за апсолутен првак, во статистиката тоа е едно од најценетите остварувања. Пандан во ракометот се златни медали од ОИ, СП и ЕП. Само една репрезентација успеала во ист момент да ги има во посед сите три медали. И тоа ѝ пошло од рака двапати. Тоа е Франција. Следниот противник на Македонија во квалификациите за ЕП Полска 2016. Франција е во моментов апсолутен првак, а на својот прв натпревар во оваа улога доаѓа во Скопје. Следната среда, на 29 април, во Скопје.



Селекторот Ивица Обрван вчера го објави скратениот список на ракометари со кои ќе му се спротивстави на францускиот состав.

Има три промени на овој список во однос на тој со кој игравме на Mундијалот во Катар.

Го нема натурализираниот репрезентативец Ренато Вугринец, кој игра во катарската Лахвија. Тој го откажал учеството на оваа акција.

Го нема Златко Мојсоски, десното крило на Прилеп, а овој пат не е повикан ниту Владо Недановски од Вардар, кој беше во тимот во Катар.

Влатко Митков, леворакиот бек кој настапува за австрискиот тим Кремс, е повикан како алтернатива за позицијата десен бек и Никола Костески, крилото на Металург ќе игра на местото на Златко Мојсоски. Гоце Ојлески, крилото на Металург, е повторно во репрезентацијата, а рековме Недановски отпадна по последното сито.



„Ренато Вугринец побара да биде изоставен од оваа акција од семејни причини“, вели селекторот Обрван. „Другите промени се работа на проценка. Никола Маркоски е повикан и доколку неговата состојба се подобри ќе биде во игра. Сите играчи се во близина и се во комбинација, така што ако има потреба ќе може да се реагира. Немаме многу време за тренинзи, имаме само еден цел ден, па нема да можеме да комбинираме премногу“, изјави селекторот Обрван.

Селекторот на Македонија состави список од 17. место класичниот од 16 играчи. Причината ја лоцираме во повикот за Никола Маркоски. Тој е повреден (дислокација на малиот прст на шутерската рака), но постои теоретска можност да игра, ако ништо друго на реванш натпреварот.

Четвртата промена за која веќе пишувавме се однесува на Ванчо Димовски, кој беше изоставен и од поширокиот список, објавен минатата недела.

Првиот собир за дуелите со Франција е закажан за во понеделник. Екипата ќе има само еден цел ден за подготовки, в среда веќе ќе треба да се претстави пред љубопитната јавност. Билетите за натпреварот Македонија – Франција чинат по 200 и 300 денари, а средбата ќе се игра во „Борис Трајковски“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...