Кошаркарите и навивачите ја славеа историската победа

Цел час по историскиот триумф над домашната Литванија македонските кошаркарски репрезентативци синоќа останаа на паркетот во „Жалгирис“ арената во Каунас каде заедно со македонските навивачи кои и даваа поддршка ја прославуваа победата која им обезбеди полуфинале на еврошампионатот.

Репрезентативците во првичните изјави веднаш по натпреварот беа едногласни дека заслужено се во големата четворка и дека пресудно за тоа е единството и максималната ангажираност на сите играчи кои добиваат минутажа на дуелите.

Селекторот Марин Докузовски уште еднаш ги пофали своите играчи кои одиграа извонредна одбрана против фаворизираните Литванци.

- Со оваа победа уште еднаш докажавме дека сосема заслужено сме во самиот европски врв. Игравме паметно, без притисок, упорно и знаевме што треба да направиме. Знаевме дека ако ја одржиме резултатската неизвесност во првите три четвртини, во последната ќе ја добиеме нашата шанса за победа, затоа што притисокот ќе падне врз домаќинот. Презадоволен сум од настапот на сите мои кошаркари кои уште еднаш максимално посветени го оставија срцето на терен. Ова е голема тимска победа за нас и за Македонија, истакна македонскиот селектор.

Капитенот Перо Антиќ упати порака до македонската јавност дека шоуто ќе продолжи и дека Македонија има со што да се гордее.

- Не застануваме тука. Одиме понатаму. Докажавме дека го заслужуваме овој успех и дека претходните победи не беа случајни. Игравме против силен состав и пред нивни 15 илјади гледачи, но не потклекнавме. Ова ми е најдрага победа во кариерата. Ја посветуваме на цела наша држава, на цела Македонија, рече Антиќ.

За другарството кое владее во репрезентацијата најдобро говори изјавата на Предраг Самарџиски кој вели дека играчите се како браќа и тие играат до последни сили без да се штедат и без да мислат на премии и награди. Тој победата над Литванија му ја посвети на повредениот Тодор Гечевски.

Стрелецот на победничката тројка Владо Илиевски не можеше да поверува дека е совладана Литванија.

- Тоа беше најдобриот шут во мојата кариера. Најдобриот шут во мојот живот. Ова е голема победа за нас, ја остваривме сите заедно како тим. Полуфиналето е нешто на што не се надевавме, но одејќи од натпревар во натпревар, гледаме дека фантастично функционираме заедно. Ова е огромен успех за сите нас.

Пласман во полуфиналето не очекуваше ни најдобриот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб кој со 23-те постигнати поени беше најзаслужен за победата над Литванија.

- Вакво нешто не можев ниту да сонувам, но чувството е фантастично. Ова е нешто што ретко кој може да го почувствува. Ја победивме Литванија на нивни паркет. Игравме слободно, без притисок, играме цврсто, пожртвувано. Пресреќен сум со победата, нагласи Мекејлеб.

Синоќешната победа до доцна во ноќта се славеше низ цела Македонија а во чест на кошаркарите беше приреден и огномет на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде се собраа преку 25 илјади симпатизери на македонската репрезентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...