Пипан: Во Подгорица не одиме на излет

Будуќност е фаворит на хартија во пресрет на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром, но македонскиот првак не планира без борба да му се предаде на црногорскиот шампион. „Металците“ по триумфот над Работнички во четвртокот вечерта, вчера претпладне заминаа за Подгорица и веќе вечерва ќе имаат пресметка со тимот кој има ист број бодови со лидерот Црвена Звезда.

Првично беше предвидено мечот да се игра в недела вечер, но од безбедносни причини, поради најавените протести во црногорската престолнина, дуелот, сепак, ќе се игра вечерва. Салата „Морача“ е единствената во која МЗТ гостувал повеќе од трипати, а скопскиот клуб уште се нема израдувано на победа.



„И Будуќност има проблем, и тие сакаа да се игра в недела, но што е, тука е. Двата тима имавме малку време за подготовка, ние во четвртокот игравме домашно првенство, тие во средата имаа гостување во Романија во Еврокупот. Се познаваме добро, Будуќност сигурно е една од водечките екипи во АБА лигата, но јас им кажав на моите момци дека не одиме на излет во Подгорица. Не ни помислуваме да тргнеме од Скопје со бело знаме туку сакаме да одиграме добро и чесно. Ќе пробаме да го изненадиме фаворитот, но ако сакаме да ја оствариме целта, мора да ја прикажеме најдобрата игра сезонава“ - најавува Пипан.

За МЗТ овој меч доаѓа во период кога има два порази по ред, и низа од три, ќе значи проблем и притисок дека мора да се триумфира, иако реално, и противниците беа квалитетни.

Атмосферата во Будуќност по поразите од Партизан и Стеауа не е на највисоко ниво (првпат сезонава имаат два порази по ред), но од друга страна ќе имаат мотив за прекин на таа мини-низа и враќање на победничкиот пат.

Суад Шеховиќ, кој е капитен на Будуќност и втор стрелец и скокач, поради болест не играше со Стеауа, па веројатно нема да биде во топ-форма ниту со МЗТ. Но, Будуќност не знае за пораз на свој терен сезонава, а во своите редови го има Сеад Шеховиќ, екс член на МЗТ, кој се жали на болки во коленото. Тадија Драгичевиќ им е големо засилување и прв стрелец, но и тој има одредени проблеми (висока температура и стомачен вирус), и неизвесно е дали ќе игра. Омар Кук го мачи задната ложа. Центарот Алекс Мариќ, кој исто така летоска дојде, е најдобар скокач во составот на тренерот Игор Јововиќ.



„МЗТ Скопје е искусна екипа која е кандидат за пласман во горниот дел од сезоната, барем според игрите кои ги прикажа во досегашниот дел од сезоната. Добро се познаваме, неколку нивни играчи биле членови на Будуќност, а мотор на тимот им е надворешната линија. Љубичиќ е добар тимски играч и плеј, Стојановски е македонски репрезентативец, Дреновац игра одлично. Мора да ги сфатиме максимално сериозно. Имаме проблеми со повреди и болести на клучните играчи и тоа не ни дозволува да бидеме на 100 отсто од можностите“ - изјави Јововиќ.

Кај МЗТ ќе го нема капитенот Марко Симоновски кој веќе еден месец е во аут, и неизвесно е кога повторно ќе му се приклучи на тимот. Судии на натпреварот се Србите Јовчиќ, Маричиќ и Нешковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...