Евролигата е прва опција за Бо, но и МЗТ е во игра

Раководството на МЗТ Скопје Аеродром имаше првични разговори со Лестер Мек Кејлеб околу можноста за негово ангажирање во играчкиот кадар на тимот за следната сезона, но дали ќе се реализира овој трансфер, ќе биде многу појасно за две недели кога популарниот Бо повторно ќе дојде во македонската престолнина.

На Мек Кејлеб му се допаднала идејата да игра во сино-белиот дрес на МЗТ, и рекол дека парите нема да ја играат клучната улога околу евентуалниот договор. Сепак тој не дал дефинитивен одговор дали прифаќа да игра за македонскиот првак, а веројатно и на управата добро ќе и дојде ова купување на време, бидејќи сакаат прво да заврши сезоната. Сите во клубот се сконцентрирани само на финалната серија против Куманово, и потоа ќе почнат со планови за следната сезона.

Мек Кејлеб на челниците на МЗТ им рекол дека во преден план му е да најде клуб кој ќе игра во Евролигата, но ако не се договори со ниту еден од елитните 16 клуба во Европа, тогаш и МЗТ е реална опција. Затоа, двете страни се договориле повторно да се сретнат кон крајот на месецов, кога одредени работи ќе се конкретизираат и ќе се знаат одредени детали кои во моментов се непознати.

Откако добро ќе размисли што е најдобро за него, 31-годишниот бек ќе реши во каков правец да ја продолжи кариерата. Тој и покрај желбата за потпис за некој евролигаш, во некоја друга варијанта сепак оставил простор и за можен трансфер во МЗТ.

Престојот во Скопје, Мек Кејлеб го искористил и за продолжување на важноста на својот македонски пасош. Ова само потврдува дека тој не заборавил на неговата втора земја, Македонија. Играњето во дресот на нашиот национален тим на Мек Кејлеб која му донесе и некои од најсветлите моменти во кариерата. Беше избран во идеалната петорка на Евробаскетот во 2011 година заедно со величини како Гасол, Паркер, Кириленко и Наваро, а во 2012 година дојде и на прагот на настап на олимписки игри.

Засега немало никаков официјален контакт со МКФ околу негово враќање во националниот тим. Мек Кејлеб добро ја познава македонската средина и не би имал проблем со адаптацијата, но селекторот Раца треба да одлучи каков тип на натурализиран играч му треба. Докузовски, Лазовски и Пипан го користеа Мек Кејлеб, но по повлекувањето на Гечевски и Антиќ, се јави потреба од центар, па Џикиќ и Србиноски го користеа Хендрикс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...