ФИБА елитата без клубови од Македонија, Србија, Црна Гора, Шпанија...

Светската кошаркарска федерација, ФИБА, сè уште, барем неофицијално, не ги објавила екипите кои ќе се натпреваруваат во првата сезона од Лигата на шампионите, но спрема последните информации, на списокот на скоро потврдени клубови, ги нема претставниците од повеќе европски федерации, вклучително и нашата.

На истото, барем засега, не фигурираат ниту претставниците на нам блиските (според територијалноста) федерации на Србија и на Црна Гора.

А од оние големи федерации, условно кажано, во премиерното издание на „Лигата на шампионите“ ќе нема ниту клубови од Германија.



На листата на непотврдени учесници според повеќе европски медиуми, италијанската кошарка ќе ја претставуваат Кремона, Авелино, Пистоја, Венеција, Варезе, Болоња, Пезаро и Торино.

Од Франција, пак, свои пријави (неофицијално) испратиле: Стразбур, Ле Ман, Нантер, Шалон, Монако, Гравелин, Ортез и Асвел, од Турција, пак, на списокот се Пинар Каршијака, Банвит, Бешикташ, Газијантеп Ушак, Трабзон и Бујукчекмеџе. Грција, пак, би ја претставувале солунските ривали, Арис и ПАОК.

Но, тоа не е сè од тоа со каков „кадар“ ќе биде пополнета Лигата на шампионите, која предизвика и огромни турбуленции во европскиот дел од кошарката.

Остатокот од ова натпреварување ќе биде дополнет и со клубови од овие екс-југословенски простори затоа што свои пријави за учество испратија загрепска Цибона, но и други хрватски клубови како Загреб и Сплит. Од Словенија има дури четири, како Крка, Лашко, Целје и Рогашка.

Свои претставници во „Лигата на шампионите“ нема да имаат Србија, Црна гора, и Македонија. Кај ниту една од овие три федерации нема пројавено никаков интерес за некој нивни клуб да се појави во ова натпреварување. Веројатно и со идеја, да се даде поддршка за продолжување на АБА лигата, која, пак, индиректно е многу „поврзана“ со „ЕЦА“, односно Евролигата и Еврокупот.

Како и да е, додека не дојде до конечна разврска, на листата на учесници во најсилното натпреварувње на ФИБА остануваат уште и:

Дњипро, Химик, Будивелник (Украина), ВЕФ Рига, Вентспилс, Јурмала, Лијепаја, Валмиера (Летонија), Остенде, Шарлроа, Антверпен, Монс (Белгија), Цмоки Минск (Белорусија), Лукоил Академик, Рилски Спортист (Бугарија), Нимбурк (Чешка), Калев, Тарту Рок (Естонија), Талина Уликол (Естонија), Кувот, Тампере, Катаја (Финска), Шопрон, Фехервар, Керменд (Унгарија), Макаби Хаифа (Израел), Роса Радом, Анвил, Торун, (Полска), Стеауа, Клуж, Таргу Муреш, Орадеа (Романија), и Содертаље (Шведска).



Од овој последен „апдејт“ кој го направија претставниците на Светската кошаркарска организација, може да се забележи дека зад овој проект застанале и најдобрите клубови од Франција, додека, пак, на листата го нема моментално вториот по квалитет тим од Италија, Реџо Емилија.

Одамна е познато дека миланскиот Армани е учесник со десетгодишен договор со Евролигата. Но, и тоа дека во новата „Лига на шампиони“ нема да играат ниту најквалитетните клубови од Турција, Фенербахче и Анадолу Ефес, кои исто така имаат гарантирани договори со Евролигата.

Дарушафака доби специјална покана, додека, пак, Галатсарај „влезе“ во Евролигата како освојувач на Еврокупот.

На неодамна одржаната седница на Собранието на АБА лигата клубовите ја потврдија подршката на договорот со Евролигата за настап во тоа натпреварување, како и во Еврокупот. Но, со слобода на секој клуб-учесник во регионалното натпреварување да одлучи по свој сопствен избор дали ќе игра и во некое друго, кое не е во ингеренции на Евролигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...