МЗТ на чекор до титулата, поведе со 2-1

МЗТ Скопје на домашен терен го совлада Куманово со 91:73 и поведе со 2-1 во финалната серија.

Куманово не успеа по вторпат да го освои СЦ „Јане Сандански“. Актуелниот шампион уште на стартот како да ги подреди работите за убедлива победа од 91:73 и водство од 2-1 во финалната серија. Дамјан Стојановски со 19 поени беше најефикасен кај победникот, еден поен помалку постигна Мијатовиќ кој додаде и 15 скока.

МЗТ Скопје натпреварот го отвори со серија од 9-1 и веќе на половина на првата четвртина имаше двоцифрени 15:4. Во продолжение актуелниот шампион одржуваше позитива од осум поени, но со звукот на сирената Костоски погоди тројка за намалување на 25:20.

Кумановци постојано го напаѓаа водството на домашниот тим, при 29:26 направија серија од 6-2 за прво водство на натпреварот 31:32. МЗТ брзо се врати на нецели две минути до крајот имаше позитива од 46:37, додека на пак на полувремето замина со резултат 48:43.

Ниту во продолжение не се промени ништо на теренот, Куманово постојано се бореше да направи целосен пресврт, но единствено што успеваше е да намали на три поени разлика. Некаде на средината на третата четвртина при 50:47 со седумте поени на Стојановски, МЗТ Скопје повторно ја врати двоцифрената предност 57:47.

Избраниците на Марјан Србиновски ја спуштија негативата под десет поени, но расположениот Стојановски го држеше својот тим во игра, не му дозволуваше на противникот да направи целосен пресврт.

Со тројките на Дреновац на крајот на третата четвртина и Протиќ на стартот на последната МЗТ ги врати двоцфрените плус 11 (73:62). Со серија од шест поени Куманово намали на 73:68, Но Љубичиќ врати на седум поени предност. До крајот бранителот на титулата успеа да го сочува водството и да дојде до втора победа во серијата и веќе на следниот меч во Куманово да прослави нова титула.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...