„Металците“ тактизираат до последен момент

До вчера попладне МЗТ Скопје Аеродром немаше испратено официјална потврда до Македонската кошаркарска федерација дека се пријавува да учествува во квалификациите за новата Лига на шампиони која ќе ја организира ФИБА. Рокот за пријавување истекува денеска, а утре Бордот на ФИБА треба да донесе одлука и да потврди кои екипи ќе играат во квалификациите и групната фаза за ЛШ.

Како шампион на Македонија, МЗТ се стекна со право да се пријави во квалификациските рунди кои се играат кон крајот на септември, но, најверојатно, ќе се чека последниот ден од рокот за да се донесе дефинитивната одлука. Доколку одлуката биде негативна, тогаш на „металците“ им останува да играат во Јадранската лига и домашното првенство.

Ако клубот од Аеродром, сепак, се охрабри да игра во квалификациите ЛШ каде има солидни тимови кои се незгодни, но далеку од европскиот врв, ќе треба брзо да го реши прашањето на именување на нов тренер (според сите најави тоа е Емил Рајковиќ) и составување на квалитетен тим кој достојно би ја претставувал Македонија на европска сцена. Во моментов, само младите Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ се под договор.



Ако ги мине двете квалификациски кола и влезе во фазата по групи, МЗТ ќе добие и парична награда од 100.000 евра. Од земјите кои имаат клубови во АБА лигата, сигурно е дека пријави за настап во ЛШ испратија Мега Лекс, ФМП, Цибона, и словенечкиот првак Хелиос, а може да им се придружат и Игокеа и Морнар. АБА лигата треба да стартува на 1 октомври, период околу кој се игра и второто квалификациско коло од ЛШ, а тоа е брзо и по квалификациите за Евробаскетот, па репрезентативците ќе бидат во натпреварувачки ритам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...