НБА прави поделба на пожелни и непожелни

Откако НБА лигата одлучи на градот Шарлот да му ја одземе организацијата на ол-стар викендот во 2017 година, еден од газите на тимот Шарлот хорнетс, Феликс Сабатес, напиша писмо во кое жестоко го искритикува раководството на најсилната лига на светот. Причина за одземање на ол-старот е еден спорен закон во сојузната држава Северна Каролина во кој има одредени забрани за припадниците на ЛГБТ заедницата.

Мнозинскиот сопственик на акции во клубот, Мајкл Џордан, рече дека клубот се спротивставува на дискриминацијата во каква било форма, и изрази разочарување од одлуката. Многу подиректен беше еден од првите соработници на Џордан.



„Во САД има уште 21 сојузни држави со слични закони. Дали тоа значи дека НБА ќе преселува клубови во државите кои имаат поблаг однос кон хомосексуалците? Срамота е што помалку од една десетина од луѓето во нашата држава ја тераат НБА да има вакви глупави реакции и ги попречуваат сите други да гледаат голем спортски настан како ол-старот. Мислев дека оваа земја е заедничка на сите, и дека не може само неколкумина да одлучуваат за нашата иднина. Проблем е кога лице од друг пол го користи вашиот тоалет. Секој може да си го смени полот, ова е слободна земја, но не треба 8-годишни деца да бидат принудени да делат тоалет со лице кое сега е од нивниот пол, но се родило во другиот. НБА треба да се засрами што потпаѓа под влијание на корпорациите кои не се грижат за педерите и лезбејките како што кажуваат, туку се грижат само за својот бизнис и ги злоупотребуваат за свои цели“ - напиша Сабатес, кој е Кубанец и еден од најзаслужните што Шарлот доби НБА клуб во 1987 година. Од клубот не го коментираа пишувањето на Сабатес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...