Да бидеме уште подобри

Нема време за одмор, а и не треба да има, за нашите најдобри кошаркари, ако се знае дека за десетина дена ги чека стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2017 година.

По скопскиот „Трофеј Македонија“ каде имаа скор од една победа и два порази, „црвено-жолтите“ се преселија во Словенија. Поточно во Марибор каде денеска и утревечер, ќе ги одмерат силите со најдобрата селекција на Словенија.

„Добра можност, веројатно и најдобра за сите нас да видиме што и колку можеме во оваа последна недела од подготовките“ - вели Александар Костоски.

„Мислам дека досега прикажавме добри изданија. Останува жал што не го освоивме Трофејот каде игравме добро. И на нашиот план е да бидеме уште подобри. Тоа ќе ни го овозможат и овие две проверки, против можеби и најсилната селекција со која ќе спарингуваме ова лето, каква несомнено е словенечката“- дополнува нашиот организатор на играта.

Според договорот, првиот од двата меча во салата „Табор“ во Марибор, ќе биде од затворен тип. Вториот пак е предвиден за среда навечер, од 20 часот, а ќе го пренесува и ТВ Словенија.



Инаку, овој викенд, Словенците се „контролираа“ со селекцијата на Велика Британија, наш противник во квалификациите. И победија со 92:80 во меч во кој поентерски кај Британците се издвоија Ден Кларк со 24, Ендрју Лоренс кој имаше 17, како и добро познатиот Кирон Ачара, кој постигна 12 поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...