Стефанов: Сè од почеток, да изградиме нешто!

Врбица Стефанов е нов тренер на Кожув.

Така гласи објавата на КК Кожув на нивната официјална фејсбук страница

„Почитувани навивачи и љубители на кошарката, ве известуваме дека од денес за тренер на КК Кожув во претстојната натпреварувачка сезона е назначен легендата на македонската кошарка Врбица Стефанов. Се надеваме на многу успеси и му посакуваме успешна работа на новиот тренер" - објави клубот на својот официјален профил на Фејсбук.

А двата дена пауза во работата со нашиот национален тим Врбица Стефанов ги искористи да реализира некои „приватни работи“.



Односно да одговори на понудата која до него ја упати актуелното раководство на Кожув.

Гевгеличани сакаа да го имаат Врбица Стефанов на кормилото на нивната екипа, на крајот и го добија оној позитивен одговор од страна на нашата играчка легенда.

„Си додадовме рака со луѓето од Кожув. Тргнуваме во формирање на потребниот играчки кадар практично од денеска, кога се договоривме" - потврдува Стефанов за постигнатата согласност на двете страни која го промовира во нов шеф на стручниот штаб.

Се чини дека Стефанов пред себе ќе има уште еден сериозен предизвик пред себе. Особено ако се знае дека во овој момент Кожув е практично на некоја „нула“. Или без ниту еден „потпишан кошаркар“...

„Па да, слободно може да се нарече оваа ситуација која е во овој момент во Кожув. Тргнуваме во работата буквално од ’нула’. Немаме ниту еден играч во ростерот, и затоа практично почнуваме со работа веднаш. Од овој момент стартува обновувањето, градењето на КК Кожув. Се надевам дека со помош на раководството и на сите оние кои му сакаат добро на клубот, ќе го вратиме во некоја нормала, потребно за непречено одвивање на активностите кои со себе ги носи играњето во Првата лига“ - смета сега веќе новиот предводник на гевгелиските „црвено-бели“.

Временскиот теснец е вториот проблем со кој ќе се соочи новиот шеф на струката во Кожув.

„И да сакам, а не го сакам тоа, не можам да ја оставам мојата работа во националниот тим. Затоа ќе мора да работам по некоја двојна програма. Паралелно со активностите кои ги имам во репрезентацијата ќе работам и на оние во клубот. Имам обврски со репрезентацијата до 17 септември, што ќе каже дека би почнале со некои подготовки нешто подоцна од што реално е потребно. Но, што е тука е, ќе комбинираме некои работи како што поспремни би го дочекале стартот на новата сезона, таму некаде во првите денови на октомври“ - дополнува Стефанов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...