Американецот Темс му се приклучи на шампионот МЗТ Скопје

Најновото странско засилување на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, Американецот Ксавиер Темс, го одработи првиот тренинг со новите клупски колеги, откако претходно денеска ги мина задолжителните лекарски прегледи.

25-годишниот бек-шутер, висок 191 сантиметар неодамна потпиша двегодишен договор со клубот од Аеродром.



Настапот во сино-белиот дрес за Темс ќе биде шанса да покаже дека за него има место на европската кошаркарска сцена, со оглед на тоа што досега зад себе има само неколкумесечно искуство во таборот на шпанска Севиља.

- Тој во саботата дојде од САД, поради што ќе му треба малку време да се аклиматизира во новата средина, но, според прикажаното на првиот тренинг, од него би можело да се очекува солиден придонес во настапот во престижниот Еврокуп и во силната АБА-лига, информираат од МЗТ.

Кошаркарите веќе ја завршија првата фаза од подготовките, која претежно се одвиваше под палката на полскиот стручњак за кондициски тренинзи, Бартек Бибрович, а деновиве тренерот Емил Рајковиќ инсистира на работа со топка и на дуели низ кои ќе се дојде до посакуваната форма.

До почетокот на сезона има уште еден месец, во кој „штрковите“ ќе одиграат неколку контролни средби, од кои веќе се закажани тие со грчки ПАОК и турски Газиантеп (5 и 6 септември во Солун) како и уште две пресметки на турнирот „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (16 и 17 септември) на кој ќе учествуваат уште организаторот Босна Роја, Цедевита и Будуќност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...