МЗТ се комплетираше

Со приклучувањето на Шарлон Клоф, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ, екипата на МЗТ Скопје Аеродром првпат тренираше со сите расположиви сили.

На само десетина дена пред отворањето на сезоната и дуелот со Црвена звезда во Белград, актуелниот македонски шампион и тренерот Емил Рајковиќ одржаа тренинг на кој беа присутни сите првотимци на кои се смета за напорната сезона која е пред тимот.



Вчера претпладне во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“ се појавија играчите кои играа, или требаше да играат за своите репрезентации.

Холанѓанецот Клоф првпат се појави тука, Мекиќ претходно одработе неколку тренинга со клупските соиграчи во периодот кога беше во втор план кај селекторот Драган Раца, а со тренинзи почна и Симоновски, кој имаше непријатна повреда која го спречи да игра во квалификациите.

Откако со „лалињата“ на драматичен начин отпадна од пласман на ЕП 2017, најмногу поради шокантно високиот пораз дома во последното коло од Германија, Клоф имаше солиден репрезентативен период во кој на шесте квалификациски средби беше најпрецизен во својата селекција со просек од 13,2 поени по меч, а имаше и 5,3 скока и 3,2 асистенции.

Стручниот штаб на МЗТ нема премногу време за воигрување и запознавање со системот на новиот стратег, со оглед на тоа што веќе в четврток се игра полуфиналето од Суперкупот на Македонија против Фени индустри.

„Металците“ изминатиов викенд настапија на силниот меморијален турнир „Мирза Делибашиќ“ во Сараево на кој загубија од Будуќност, а ја совладаа Босна Ројал. Ѓорѓе Дреновац доби место во најдобрата петорка на турнирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...