Финале во Лимак Купот на Македонија за кошаркарите на Фени Индустри

Кавадарци, 19 февруари 2017 (МИА) – Кошаркарите на Фени Индустри се пласираа во финалето на Лимак Купот откако синоќа во полуфиналето го победија ланскиот победник во ова натпреварување МЗТ Скопје Аеродром со 80:79. Во финалето вечерва од 19 часот кавадарчани ќе игра против ланскиот финалист Карпош Соколи, кој претходно го совлада Работнички со 92:78.

Натпреварот изобилуваше со пресврти и драматична завршница. На 75 секунди пред крајот Фени Индустри водеше со 75:73, но по тројките на Јуре Лалиќ и на Марко Симоновски МЗТ Скопје поведе со 79:75 на 28 секунди пред крајот. Домаќинот со трите поени на Матија Чешковиќ намали, а потоа два поена постигна и Гиорги Шарабидзе за водство од 80:79 за Фени на 24 секунди до крајот. Во последниот напад МЗТ Скопје не поентираше по што почна славењето на победата на домашните навивачи.

Најдобар на натпреварот беше центарот на Фени Индустри Кирил Николовски со 22 поена и 6 скокови, а Бобан Стајиќ реализираше 16 поени. Кај МЗТ Скопје најефикасен беше Лалиќ со 19 поени.

Како најава на машкото финале од 16 часот е почетокот на женското финале на Купот на Македонија во кое ќе играат бранителот на трофејот Бадел и Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...