Сигал Приштина, најдобриот клуб во Косово во изминатиот период, е подготвен да се пушти во трка за едно место кое води во АБА Јадранската лига.
Еден ваков сериозен интерес пројавиле челниците на овој клуб, што го официјализирале и со „писмо на интереси“ упатено до претседателот на АБА лигата Младен Вебер како и спортскиот директор Крешимир Новосел.
Но, веднаш доби негативен одговор. Косовскиот тим во јадранското натпреварување би можел да влезе само преку српското првенство.
„Добивме барање од Сигал и истото го проследивме до раководството на лигата. Нема што многу да се дискутира. Правилата се јасни, односно пропозициите по кои услови може да се учествува во ова натпреварување. Не може на секој клуб што ќе му падне на ум да игра во АБА-лигата. Кога во 2015 година ја формиравме оваа лига, ФИБА од нас побара да направиме правила. И точно се знае кои шест земји може да дадат учесници во јадранското натпреварување и преку кои лиги клубвите може да обезбедат пласман во АБА-лигата. Сигал Приштина тоа може да го направи само преку српската лига", изјави спортскиот директор на АБА-лигата, Новосел.