„Воините“ први до „шеесетката“

Не попушта Голден Стејт... Во битката за првото место во Западната конференција актуелниот вицешампион во НБА лигата ја запиша и осмата по ред победа. Има дополнителна „тежина“ ако се знае дека го победија Хјустон, и тоа на гости (113:106).

Повторно проработеа „Сплеш браќата“. Стеф Кари броеше до 32 (со десет скока), а неговиот колега, или „брат“ Клеј Томпсон до 25 поени (пет тројки).

На тој начин го ставија во „втор план“ оној троен ефект кој дојде од Џејмс Харден. негов 20. во сезоната во кој се вгради со 24 поени, 11 скока и 13 асистенции), со кои стана првиот играч кој постигнал и асистирал за повеќе од 2.000 поени во една сезона, со што Рокетс ќе треба да се задоволат со третото место на табелата на Западот.

Делумно и поради очајно слабиот шут за три поени (погодија само 5 од 31 обид).

За Голден Стејт, пак, ова беше 60. победа во сезоната, што е успех каков што имаа во 2015 и во 2016 година, по што сега се шеста екипа во историјата на НБА лигата, кои имале ваков скор во три сезони по ред.

Во овој момент Голден Стејт има две победи повеќе од најблискиот конкурент, Сан Антонио, или екипата која ќе ги дочека за неполни 24 часа.

Многу подраматично беше во „Обурн Хилс“ каде Мајами славеше победа против Детроит (97:96). А мечот беше одлучен буквално во последната секунда од играта. Прво Горан Драгич „се избори“ за една топка во големата турканица под кошот на домашната екипа. Иако не погоди од една тешка ситуација, „отпадокот“ го собра Хасан Вајтсајд, и „од одбојка“ погоди за големи славење на Хит, кој сега има две победи повеќе и подобар скор од Пистонс, еден триумф плус во однос на Чикаго, и само еден од Индијана, која е на седмото место.

Многу неизвесно беше токму во Индијанаполис, каде изненадувачки Минесота ги совлада Пејсерс, макар што во последната четвртина Индијана имаше предност и од девет поени,

на крајот им пресуди Рики Рубио, и судиите.

Арбитрите проценија дека Шпанецот заслужил три слободни фрлања. Младиот бек ги реализираше сите три, доволно за триумф на тимот од Минеаполис (115:114). Доволно за негов дабл-дабл од 21 поени и 10 асистенции, додека далеку напред отиде Карл Ентони Таунс со 37 поени и 12 скока.

Многу важна победа за пробив во плеј-офот остварија кошаркарите на Портланд. Блејзерс го разбија Денвер со 122:113. Интересно, по заслуга на нивниот нов играч, Јусуф Нуркиќ.

Босанскиот центар имаше неверојатна вечер која ја заокружи со 33 реализирани поени (12/15 од игра), на кои придодаде и 16 скокови, три блокади и две асистенции. Го надигра својот „довчерашен“ колега од Нагетс, Никола Јокиќ, кој, пак, застана на тројката од 17 поени, плус и по осум скока и исто толку асистенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...