МЗТ „се заљуби“ во малата сала

Победите и атмосферата на натпреварите со Кожув и Карпош Соколи, придонесоа раководството на МЗТ Скопје Аеродром да донесе одлука, сите мечеви како домаќин со Куманово од полуфиналето на плејофот да се играат во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“. Досега актуелниот првак играше во малата сала само кога големата беше зафатена од ракометните екипи на Вардар.

И со 1.000 луѓе на трибините во големата сала, објектот делува празно, тивко, сите може да го слушнат чкрипењето на паркетот, а тоа не е амбиент во кој кошаркарите сакаат да играат, и мотивацијата е помала. За разлика од таму, во малата сала и само 500 љубители на кошарката да има, таа делува солидно исполнета, фановите се поблиску до теренот и атмосферата е поубава. Сето ова, заедно со добрите игри на МЗТ во таа сала, ја прават разбирлива одлуката.

Полуфиналето на плејофот почнува в петок, 5 мај, а „металците“ кои за билети ќе наплатат 100 денари, решија овој, но и наредните еден или два меча во серијата против Куманово, да ги играат токму во малата сала, каде тимот често тренира, и ја чувствува како вистински домашен терен.

Полуфиналето ќе се игра по забрзан ритам, на 5, 7. и 9. мај, а ако има потреба, и на 12 мај во Куманово и евентуална мајсторка на 14 мај, во „Јане Сандански“, во малата сала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...