Марјановиќ: Не очекуваме лесни натпревари

Кошаркарската репрезентација на Србија ќе започне со своето учество на СП во Кина како еден од фаворитите за највисок пласман.

Момците на Александар Ѓорѓевиќ направија одлични подготовки пред турнирот, победувајќи на секој од своите пријателски натпревари.



Центарот на Далас Маверикс, Бобан Маријановиќ изјави дека освојувањето пријателски мечеви не е голема работа затоа што сè е различно на голема сцена.

– Засега, работите се одвиваат добро. Ние сакаме да играме за нашата татковина и со нетрпение очекуваме да ја претставиме на Светското. Тоа не се случува често. Вие тренирате целиот свој живот, гледате други како играат на Европско, Светско, Олимпијада. Сè има смисла, кога конечно ќе добиеш шанса и ти да го направиш тоа. Се чувствувате прекрасно, што ни дава мотивација да бидеме толку возбудени, вели центарот.

Очекувањата за Србите се големи. Тие се во група со Ангола, Филипините и Италија, а малкумина што очекуваат тие да доживеат неуспех уште во групната фаза.

– Секој тим што пристигнал овде, тренирал напорно како нас. Сите тие се добри и ние треба да бидеме фокусирани. Секоја акција на теренот може да влијае на резултатот, било да е тоа напад, одбрана, фаул, сеедно. Еден играч може да го направи натпреварот на својот живот, а вие да не можете да го запрете. Нашиот тим треба да игра паметно и да ги почитува сите. Мора да пристапиме професионално. Не очекуваме лесни натпревари. Мора да останеме мирни во текот на 40 минути што ќе ги поминеме на паркетот, вели Маријановиќ.

Србија го отвора првенството утре против скромниот тим Ангола. Потоа, на 2 септември ќе имаат натпревар против Филипините, а последниот натпревар во групната фаза ќе биде против Италија на 4 септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...