Со предност од 11 поени разлика се стекна Црвена Звезда по одигрувањето на првиот полуфинален дуел против Уникс Казан во Еврокупот. Конечниот резултат на синоќешниот натпревар во Белград е 63:52, по четвртини 15:18; 20:15; 15:15 и 13:4.
Словенецот Јака Блажич со 15 и Рашко Катиќ со 14 поени беа најефикасни во победничката екипа, додека Ендрју Гаудлок со 18 поени се истакна во тимот на Уникс.
Во вторникот се одигра првиот дуел од втората полуфинална пресметка. Валенсија на домашен терен го победи Нижњи Новгород со 84:75.
Реваншите се закажани за 9 април.