Јуниорите замрзнати од Исланд

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години со вчерашниот пораз од Исланд ги загуби шансите да се бори за деветтото место и сега максимум за тимот на селекторот Мирза Куртовиќ е 13. позиција на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Софија.

Синоќа по неполни три минути игра резултатот беше 11-1, од тие 11 поени на противникот кои седум беа дело на расположениот 16-годишен Кари Јонсон. Исланд водеше и со 25-9 по осум ипол одиграни минути со што се насетуваше победникот. Истите плус 16, Исланѓаните ги имаа и во 12 минута (30-14). Тогаш Македонија заигра одлично и благодарение на тандемот Маслинко-Бакоч направивме серија од 11-0 за намалување на 25-30 во средината на вториот квартал. Сепак, еуфоријата брзо беше смирена од јуниорите од најсеверниот европски остров кои со серија 14-3 ја вратија убедливата разлика.

Потоа во второто полувреме Исланд не беше сериозно загрозен и рутински ја доврши работата, нанесувајќи им тежок пораз на македонските јуниори кои имаа дури 26 загубени топки и само 52 отсто реализација на слободните.

Денеска во 15 часот против Австрија во меч кој не е со големо значење. Со победа, би се искачиле едно место погоре во групата Х и би играле со нешто послаб противник во следната фаза в сабота. Потоа следува слободен ден, а в сабота и недела е разигрувањето за 13-16 место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...