ПО УСПЕШНО ЗАВРШЕНАТА РАБОТА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Џикиќ го истакна тимскиот дух

Србинот Александар Џикиќ е петтиот селектор кој ја однесе Македонија на Европско првенство, а завчера тој направи потег каков што досега ниту еден негов претходник немаше направено, на завршната прес-конференција го донесе целиот тим. Пред новинарите се појавија сите 14 кошаркари кои тренираа и играа во најголемиот дел летово, како и стручниот штаб (фалеше помошникот Емил Рајковиќ поради клупски обврски во Полска, но Џикиќ го пофали и неговиот придонес) и лекарскиот тим. Џикиќ рече дека оти не би било фер да се појавел само еден играч бидејќи откако тој го презеде кормилото, напорно работел на градење на тимскиот дух во националниот тим и сите кошаркари придонеле за пласманот, и дишат како една целина, што им помогна во шесте квалификациски средби.

„Ако не се лажам, успешно ги минавме квалификациите, ќе играме на Европско првенство следната година, повторно ќе се натпреваруваме со најдобрите европски селекции. Кај сите некако има една мала количина на незадоволство, иако ги имаме сите услови за да бидеме горди на постигнатото. Сепак, морам да кажам уште еднаш, не сум презадоволен бидејќи знам дека овие момци можат повеќе. Проблемот е дека тие не знаат, но ќе научат, со време. Кога ќе научиме некои есенцијални работи во кошарката, тогаш ќе бидеме уште подобри. Тимскиот дух е нашиот квалитет. Сакам да соработувам со луѓе кои со мене минале стрес. Овие играчи што ги гледате покрај мене, летово со мене минаа низ стресни периоди. Некогаш сами си беа виновни за тоа, некогаш јас. Сега знам како реагираат на стрес. А, за некои други, не можам да коментирам. Дали ќе имам адути од ракавите следната година? Јас обично носам ракави, но не верувам во џокери, немам посебна причина за тоа. Ние и годинава на списокот имавме 24 играчи, па таа листа се кратеше. Прерано е да се зборува за ЕП и дали истите момци ќе играат“ - изјави Џикиќ, кој потврди дека за успехот, тимот ќе добие финансиска премија.

Македонскиот тим кој според имињата беше ослабен, подмладен и понеискусен во однос на претходните години, има квалитет во нападот.

„Можеме да шутираме добро како и најдобрите европски репрезентации. Не можеме да се браниме како најдобрите, но некои работи може да ги правиме добро како сите други, па и подобро. Проблем ни е што фокусот ни опаѓа, често се обидуваме да правиме работи кои не знаеме добро да ги правиме. Еве на пример, Марко Симоновски е извонреден шутер, има натпросечен талент за тоа, но кога нема вистински избор на шутеви, изгледа како јас да шутирам. Всушност, целата наша надворешна линија знае да погоди, нема некој што не е одличен тројкаш. Проблем е да го најдеме патот, како да дојдеме до тие шутеви“ - анализираше Џикиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...