Стартува Светското првенство во кошарка во Шпанија

Светското првенство во кошарка од денес до 14 септември ќе се одржува во Шпанија.

Натпреварите од првата фаза ќе се играат во четири градови (Гранада, Севиља, Билбао и Гран Канарија), додека елиминациските натпревари ќе се играат во Барселона и во Мадрид. Финалето е закажано за 14 септември во Мадрид.

Во првата фаза од натпреварите 24-те репрезентации се поделени во четири групи по шест селекции. Четирите првопласирани од секоја група ќе продолжат во нок – аут фазата (осминафинале).

На првиот ден на шампионатот се играат натпревари во сите групи, а двојките се: Египет – Србија, Франција – Бразил, Иран – Шпанија (А група); Хрватска – Филипини, Порторико – Аргентина, Грција – Сенегал (Б група), Украина – Доминиканска република, Нов Зеланд – Турција, САД – Финска (Ц група), Ангола – Јужна Кореа, Австралија – Словенија и Мексико – Литванија (Д група).

Титулата светски шампион ја брани селекцијата на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...