Тренер се менува преку ноќ, за концепција треба време

И официјално, онака како што тоа прв го најави „Македонски спорт“, Врбица Стефанов е именуван за шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје.

Можеби во прв момент изгледа помалку и неочекувано. Но, раководниот тим на македонскиот првак само неполн час откако реши да се раздели со Змаго Сагадин, му ја даде цолосната доверба на некогашната играчка легенда на македонската кошарка.

Изненадувачки дури и за самиот Стефанов.

„Изненадувачки, пред сè поради краткиот временски термин, простор во кој се реализира оваа работа. Или како што се вели, преку ноќ се сменија многу работи“ - вели Стефанов откако го направи и првиот заеднички состанок со играчкиот потенцијал на клубот.

Свесен е за „тежината“ на обврските кои со себе ги носи оваа улога. Но овој „нов“ Врбица Стефанов е подготвен да ги земе обврските кои ги носи функцијата прв тренер на МЗТ Скопје, во свои раце.

„Иако сум, во некоја рака, со клубот од почетокот на оваа сезона, сепак моите досегашни обврски беа нешто сосема поинакви. Се запознав со играчите, следно на ред е да ги проверам сите нивни карактерни и играчки особини. Да ја ’снимам’ моменталната ситуација, и веднаш тргнуваме со работа“- додава Стефанов пред да замине на разговори со раководството на клубот од Аеродром во кој треда да се дефинираат следните чекори во фуинкционирањето.

Стефанов не сака однапред да говори како МЗТ Скопје ќе „работи“ во наредниот период.

„Не можам да кажам, да коментирам ништо конкретно, секако, се додека не расчистиме некои работи во клубот. Уште помалку да говорам дека треба да си замине овој, да го донесеме овој, или слично. Се знае како е редот во еден професионален клуб каков што го замислувам МЗТ Скопје да биде под мое раководство од тренерската клупа. Одлуките ќе ги носиме заеднички, со раководството на клубот.

Исто така, свесен сум за актуелниот момент во кој живее и работи МЗТ Скопје. И да не бев подготвен за ова, сигурно е дека немаше да ја прифатам понудата. Да, можно е преку ноќ да се промени тренерот, или пак некој играч. Но не и онаа концепција која треба да го остави МЗТ Скопје таму каде што и реално припаѓа, на врвот на македонската кошарка“- резимира Стефанов, сега за прв пат во една сосема поинаква улога од онаа која ја имаше досега во својата кариера.

А што Стефанов може да промени во само неколку дена, ќе покаже дуелот во сабота, кога од 21. часот во „Јане Сандански“ доаѓа унгарскиот Солнок, како четврти ривал на МЗТ Скопје во новата сезона на Јадранската АБА лига.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...