„Црвено-жолтите“ со 12 контроли

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра 12 пријателски натпревари во рамките на подготовките за настапот на Евробаскетот во септември 2015 година. „Црвено-жолтите“ на ЕП во првата фаза ќе играат во Загреб и тоа во група со домаќинот Хрватска, потоа Словенија, Грција, Грузија и Холандија. За пласман во осминафиналето кое се игра во францускиот град Лил и тоа на затворен стадион, на нашите најдобри кошаркари ќе им требаат барем две победи и освојување на едно од првите четири места во загрепската група.

Списокот на контролни средби за летниот период е веќе при крај, и од МКФ најавуваат дека во текот на неделава, а можеби уште денеска ќе го утврдат и објават конечниот список на пријателски средби.

Селекторот Александар Џикиќ барал тимот да одигра 12 контролни меча што е прилично голема бројка. Џикиќ сметал оти тимот е млад и му требаат што е можно повеќе заеднички мечеви за подобро воигрување и влегување во потребниот ритам кој е потребен за настап на еден голем настан како Евробаскет. Српскиот стручњак кој со подмладена и не толку искусна селекција успеа да ни донесе пласман на Евробаскетот 2015, повторно смета на најголем дел од кошаркарите кои годинава го понесоа товарот.

Од оние ветерани кои не играа во квалификациите со Белгија, Белорусија и Данска, неофицијално Џикиќ смета само на Владо Илиевски и Ѓорѓи Чековски кои од оправдани причини отсуствуваа годинава. Ако нешто не се смени во наредните месеци, а веројатно нема бидејќи селекторот најави принципиелност во ставот и сака комплетен состав уште од првиот ден на подготовките, на ЕП речиси сигурно нема да играат Перо Антиќ, Лестер Мек Кејлеб и Предраг Самарџиски кои беа меѓу главните поединци на европските првенства во 2011 и 2013 година.

После ждрепката, од МКФ најавија дека наредното лето нашиот национален тим ќе игра многу силни пријателски мечеви со ривали од типот на Шпанија, Литванија и слични, а останува само уште да се утврдат термините. Дел од контролите ќе се играат на домашен терен, па и македонската публика ќе може да ги поздрави кошаркарите и да им даде поддршка пред заминувањето за Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...