Голден Стејт ја совладаа Оклахома Сити

Кошаркарите на Голден Стејт постигнаа победа на ноќешниот дуел со Оклахома Сити, иако противникот предводен од Кевин Дјурант подобро го почна натпреварот и по пет минути водеше и со 17 поени разлика (30:13).

Голден Стејт брзо се врати резултатски, а во финишот на првиот дел Дјурант во еден продор го повреди глуждот на десната нога и во вториот дел не се појави на теренот. Сепак тој за едно полувреме постигна 30 поени. Најефикасен на дуелот беше Стефан Кари од Голден Стејт со 34 поени, додека кај Оклахома Сити Расел Вестбрук постигна 33.

Резултати на ноќешните дуели: Голден Стејт – Оклахома Сити 114:109, Сакраменто – Милвоки 107:108, Хјустон – Њу Орлеанс 90:99 и Чикаго – Њујорк 103:97.

Вечерва играат: Орландо – Јута, Филаделфија – Шарлот, Бостон – Минесота, Кливленд – Бруклин, Детроит – Торонто, Мајами – Вашингтон, Мемфис – Чикаго, Сан Антонио – Портланд, Денвер – ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс – Оклахома Сити.

Пласман Источна конференција: Торонто 20-6 (победи-порази), Вашингтон 18-6, Атланта 18-7, Чикаго 16-9, Кливленд 14-10,...

Пласман Запдна конференција: Голден Стејт 22-3, Мемфис 21-4, Портланд 20-6, Хјустон 19-6, ЛА Клиперс 18-7,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...