Сакам да играм и да се наметнам кај селекторот

Новиот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Предраг Самарџиски, за првпат во сениорската кариера ќе настапува во клуб од Македонија и вели дека е среќен што ќе носи дрес на македонски клуб, а сака и следното лето да биде дел од репрезентацијата која ќе настапи на Евробаскетот. Сезонава ја почна во турскиот прволигаш ТЕД Анкара.

„По 14 години, за првпат ќе играм во Македонија како професионалец, претходно играв само за Водњански лисици во младите категории. Еден од причините, би рекол и главната, што потпишав за МЗТ е желбата да играм. Сезонава во Турција не ја добив потребната минутажа која мислам дека ја заслужував. Се борев доволно добро во екипата, но некои работи се случија, од управата почнаа да се однесуваат непрофесионално и одлучив да побарам раскин на договорот. По тоа, од МЗТ Скопје веднаш ми се јавија и видов шанса да заиграм за клуб во кој би имал голема минутажа. Во овој период навистина ми е битно до крајот на сезоната да имам минутажа и да влезам во форма потребна за ЕП. Тоа им го кажав и на луѓето од МЗТ кога ме исконтактираа за првпат“ - вели Самарџиски во воведот на разговорот.

МЗТ ИМА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА ОД НЕКОИ ГОЛЕМИ ЕВРОПСКИ КЛУБОВИ

Самарџиски на првите тренинзи со тимот се запозна со спортскиот центар „Јане Сандански“ за кој вели дека е по европски терк и далеку подобар од оние што Пеѓа ги знае од порано.

„Ме прашаа дали имам против да играм во Македонија, но јас немам никаква причина зошто би одбил да настапувам тука, особено што гледам какви амбиции има МЗТ. Првпат го видов и новиот комплекс Јане Сандански, се гледа оти се оди напред, што се однесува до тие некои кошаркарски работи како клуб се трудат да бидат во тек и да држат чекор со Европа. Има голем напредок во однос на она што јас го паметам од времето порано, и условите за работа. Имам видено некои клубови за кои се мисли дека се европски врв, а со инфраструктурата не се толку, МЗТ има подобри услови и со овој комплекс е на добар пат да оди напред. Денеска ќе дебитирам, морам да признаат дека ќе ми биде чудно. Долго време не сум играл тука освен преку лето по месец дена додека бев со репрезентацијата. Ќе ми треба време да се навикнам на ова, но драго ми е. Во моментот кога потпишав за МЗТ, најдобрите пријатели од детството ми рекоа оти таа идеја им е драга, ќе ме гледаат редовно и ќе минам подолго време со блиските, а не само по месец дена како досега. И приватниот живот имаше влијание на одлуката, тука имам и тетка, братучеди, пријатели кои ми се како фамилија. Се радувам што периодов ќе бидам подолго во родната земја и ќе ги израдувам сите. Верувам дека заедно со Фемили Аеродром ќе славиме важни победи и ќе продолжиме со освојување титули“ - објаснува највисокиот Македонец.

Договорот на Самарџиски со МЗТ е до крај на сезоната, а за потоа не прави планови уште отсега. Дали ќе има продолжување на соработката, ќе зависи од игрите, амбициите и можностите на клубот, дали ќе има примамливи понуди од странство. Сега мислите му се насочени исклучиво кон периодот пред нас и игрите како „металец“.

НА ЕП 2015 ДА СЕ ИЗВАДИМЕ ЗА !КИКСОТ„ ВО СЛОВЕНИЈА 2013

Популарниот Пеѓа летоска не настапи во квалификациите за ЕП 2015. Се ширеа разни шпекулации околу причините за неговото отсуство, но според него, вистината е само една, а тоа е дека не играл само поради лечење на повредата на коленото.

„Бев повреден и ми требаше време да ја санирам повредата која ја влечев со години. На старата повреда ѝ се случи обновување кон крајот на минатата сезона и навистина ми беше потребно време да ги средам колената. Би сакал да изразам голема благодарност до луѓето од Македонската кошаркарска федерација кои имаа разбирање во тој критичен момент кога многу искусни играчи откажаа да играат за националниот тим. Навистина морав мојата лична кариера првпат во животот да ја ставам пред репрезентацијата. Драго ми е што моите соиграчи, велам соиграчи бидејќи уште се чувствувам како дел од репрезентацијата, успеаја во помладен состав, и потценети, да се пласираат на завршницата. Се надевам дека со своите игри во МЗТ ќе се наметнам и ќе бидам дел од плановите на селекторот Александар Џикиќ, и да бидам еден од носителите во селекцијата. Би сакал да продолжам таму каде што застанав. Најбитно да бидеме здрави, и Дамјан Стојановски да закрепне навреме, да бидеме спремни за ЕП бидејќи имаме добра група во првата фаза и шанса да направиме успех. Знам дека македонската јавност е разочарана по слабиот резултат на ЕП во Словенија во 2013 година, и сметам оти ова е добра шанса да надоместиме“ - вели Самарџиски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...