На „Ноу Камп“ се подготвува пекол за Милан

Досега имаат одиграно 16 средби. Барса има шест победи, а Милан пет. Гол разликата е 22:21 во корист на Каталонците.

Последната недела од осминафиналните двобои во Лигата на шампиони го носи и реваншот меѓу гигантите од Шпанија и Италија, Барселона и Милан. Двете екипи се со желба за место во следната рунда, но таму ќе има место само за еден состав. Барса е во негатива од два гола од првиот меч, а дали Милан ќе знае да ја зачува предноста ќе се види денеска.

РОУРА ЗАДОВОЛЕН ОД ФОРМАТА

Резултатот од 2:0 досега бил најтежок за да се неутрализира. Нема тим на кој му успеало да се врати на реваншот по пораз со ваков резултат на првиот дуел. Затоа сега Барса ќе се обиде да го направи она што никому не му успеало.

„Во саботата против Ла Коруња остваривме една цел која ни беше многу важна. Успеавме да го зачуваме нашиот гол. Не примивме погодок по подолго време и тоа ни е максимално мотивирачки пред денешната средба со Милан. Дефинитивно сега сме посмирени и очекувам и вечерва да бидеме на потребното ниво“, изјавува помошникот на Виланова, Жорди Роура.

АЛЕГРИ БАРА УШТЕ ПОДОБРА ИГРА



Тренерот на Милан се соочува со проблеми пред денешниот натпревар. Покрај тоа што не може да смета на Балотели, кој нема право на настап во Лигата на шампионите за „росонерите“, во таборот на италијанскиот тим нема да биде ниту Пацини, кој се повреди во петокот. Неизвесен за настап е и Мексес, кој предвреме ја напушти средбата. Што се однесува до Боатенг, кој одмораше во петокот поради лесна повреда, тој би требало да се најде во тимот и да истрча на терен.
„Свесни сме дека резултатот од првиот меч не ни гарантира никаква сигурност. Не можеме да бидеме мирни и да очекуваме дека само со одбрана ќе успееме да се пласираме во следната рунда од ЛШ. Мораме да играме барем двојно подобро отколку на првиот меч доколку сакаме да дојдеме до пласман во следната рунда“, изјави Алегри.

Натпреварот Барселона-Милан ќе можете да го проследите на Arena Sport 3 каналот на MaxTV.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...