Страшна Барса го „сомле“ Милан

Дека во фудбалот никој не треба предвреме да се радува се виде на двобојот меѓу Барселона и Милан. По триумфот со 2:0 во Милано „росонерите“ беа сигурни дека ќе минат во следната фаза во Лигата на шампионите меѓутоа доживеаја дебакл на реваншот. Беа поразени со убедливи 4:0.

Фудбалерите на Барса тргнаа фуриозно и по првите 15 минути не му дозволија на противникот да ја изнесе топката повеќе од средината на теренот. Уште во петата минута по прекрасната брза акција на играчите на Барса, Лионел Меси со прекрасен удар од далечина го погоди горниот агол од голот на Абијати. Италијанскиот голман немаше шанса да реагира. Веќе во наредните минути лидерот во шпанскиот шампионат можеше да зголеми но Абијати се покажа запирајќи ги ударите на Иниеста и на Виља. Во продолжение Милан се ослободи од притисокот, а најзрелата шанса ја создаде во 37 минута кога Нианг го претрча својот чувар излезе сам пред Валдес но го погоди дирекот. Во следната акција топката ја собра Меси кој со силен шут со левата нога од далечина ја затресе мрежата на Милан.

Првичната цел Барса ја оствари на ред беше трет гол. Тој дојде во 54 минута. Давид Виља прими топка од Чави во шеснаесетникот на Милан и со силен шут од косо го погоди голот на „росонерите“. Италијанците знаеја дека мора да дадат гол на Ноу Камп и тргнаа отворено. Притискаа колку што можеа но тешко го пробиваа ѕидот на Барса пред голот. Сепак, можеа да го замолкнат Ноу Камп кога Робињо се најде во шанса, но неговиот шут беше изблокиран.

Барса го запечати местото во четвртфиналето во 91 минута кога по еден контра напад Жорди Алба ги постави конечните 4:0.

МЕСИ СРУШИ МАЛЕР

Херојот на Барселона Лионел Меси до пред овој дуел немаше дадено гол на италијански екипи од игра. Во девет мечеви против Италијанци три голови постигна од пенали. Вчера постигна два од игра и го сруши тој малер.

Инаку првиот гол против Милан синоќа што го даде во петата минута е негов втор најбрз во Лигата на шампионите. Побрзо му даде гол на Базел во 2008 година.

МИЛАН ВТОР ПАТ ИСПАЃА ПРИ 2:0

Екипата на Милан се понадева дека победата од 2:0 ќе биде доволна за пласманот во четвртфиналето но не беше така. Екипата од Милано доживеја убедлив пораз од 4:0 и испадна од елитното европско фудбалско натпреварување.

На „росонерите“ втор пат им се случува да испаднат од европските купови откако по првиот меч обезбедиле предност од 2:0. Во сезоната 1995/1996 во четвртфиналето во Купот на УЕФА Милан испадна од Бордо по поразот во реваншот со 3:0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...