Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна два погодоци на вчерашниот осмина- финален реванш натпревар од ЛШ против Милан.

Во победата од 4-0, тој го постигна воведниот гол во 5-та минута , опкружен од дури 6 фудбалери на противничкиот тим и ниту еден од нив не успеа да го спречи ударот на Аргентинецот.
Меси во 40-та минута повторно биеше прецизно, Давид Виља во 55-та минута го постигна третиот гол за Барса, а Жорди Алба при самиот крај на натпреварот за конечните 4-0.
Погледнете го одличниот воведен гол на Меси во победата над Милан.