Фудбалерот од средниот ред на Барселона, капитенот Чави видно незадоволен по синоќешниот пораз од Атлетико смета дека неговиот тим неправедно е поразен.
- Не заслуживме пораз и елиминација од Лигата на шампионите. Навистина не ја гледам причината зошто Атлетико ја заслужи победата и понатамошниот пласман.
Ние создадовме убави шанси за да избориме нерешено, имавме четири-пет ситуации кои во Примера вообичаено ги реализираме, но ете кога најмногу требаше не постигнавме погодок. Сепак, сметам дека во најмала рака овој двомеч требаше да го решат продолженија, потенцира Чави.
Барселона синоќа загуби во Мадрид од Атлетико со 1:0, а по 1:1 на првиот дуел, каталонскиот гигант доживеа елиминација од елитното натпреварување