Сити и Рома во прва пресметка

Покрај дербито во Париз, денеска има уште еден натпревар кој го привлекува вниманието и се одвојува од другите. Се работи за мечот на кој се судираат најдобриот состав од лани во Англија и второпласираниот во Италија. Манчестер Сити и Рома првпат ќе се судрат во европските купови така што сега ќе имаат можност да се докажуваат.

И во двете екипи има проблем со повредени играчи, но и без нив ова ќе биде максимално возбудлив меч.

„Нашата главна задача денеска е да ја обезбедиме победата. Мораме да свртиме нова страница и едноставно мораме да вложиме многу повеќе на теренот во Лигата на шампионите. Загубивме на дуелот со Баерн Минхен, но тоа е веќе минато. Сега против Рома на домашен терен е максимално важно да одиграме најдобро што можеме и да се потрудиме да дојдеме до победа. Ова дефинитивно ќе биде многу тешка средба, но се надевам дека ќе успееме да одиграме на најдобро ниво“, вели Забалета.

Тој го пропушти првиот меч, па сега ќе биде одлично засилување за одбраната на Сити.

БЕЗ ДЕ РОСИ, НО СО ИТУРБЕ

Тренерот на Рома, Руди Гарсија, и денеска не може да смета на Даниеле де Роси, кој е повреден. Сепак, добрата вест доаѓа од напаѓачот Хуан Итурбе, кој успеа да ја залечи повредата. Тој дефинитивно е во комбинација за тимот и ќе биде на терен против Сити.

Итурбе се повреди на дуелот со ЦСКА Москва во првото коло, но успеа да заздрави многу побрзо од предвидените дваесетина дена.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...